Надградби на софтвер користејќи го Вашиот компјутер
Надградбите на софтверот може да вклучуваат нови карактеристики и подобрени
функции кои што не биле достапни во времето на купување на Вашиот уред.
Надградбата на софтверот може да ги подобри перформансите на уредот.
Nokia Software Updater е апликација за компјутер која што Ви овозможува да го
надградите софтверот на Вашиот уред. За да го надградите софтверот на Вашиот
уред, потребен ви е некој компатибилен компјутер, широкопојасен интернет
пристап и некој компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот
уред со компјутерот.
За да добиете повеќе информации, да ги проверите објавените белешки за
најновите верзии на софтвер и да ја даунлоадирате апликацијата Nokia Software
Updater, видете на www.nokia.com/softwareupdate или на Вашата локална Nokia
web страница.
За да го ажурирате софтверот на уредот, сторете го следново:
Општи информации 11
1 Даунлоадирајте и инсталирајте ја апликацијата Nokia Software Updater на
Вашиот компјутер.
2 Поврзете го Вашиот уред со компјутерот користејќи USB кабел за податоци и
отворете ја апликацијата Nokia Software Updater. Апликацијата Nokia Software
Updater Ве води да направите резервни копии на Вашите датотеки, да го
надградите софтверот и да ги вратите Вашите датотеки.