Nokia 2730 classic - Мапи и GPS

background image

Мапи и GPS

Вашиот уред нема внатрешна GPS антена. За да користите апликации кои бараат

GPS конекција, користете некој компатибилен надворешен GPS приемник (додаток

кој се продава одделно). Спарете го GPS приемникот со Вашиот уред користејќи

Bluetooth технологија. За повеќе информации, видете го упатството за корисникот

на GPS приемникот.
Можете да го користите Глобалниот систем за позиционирање (Global Positioning

System - GPS) да ја поддржите апликацијата Мапи. Пронајдете ја Вашата локација

или мерете координати на растојанија и земјишта.
Откако ќе го спарите Вашиот уред со некој надворешен GPS приемник, може да

потрае неколку минути за уредот да ја прикаже моменталната локација.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на Соединетите

Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето на системот. На

точноста на податоците на локацијата може да влијае прилагодувањето на GPS

сателитите кое го прави Владата на Соединетите Држави и е предмет на промена

со политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана на Соединетите

Држави и Федералниот Радионавигационен План. На точноста исто така може да

влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS

сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и

временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во внатрешноста на

згради или под земја и може да бидат попречени од материјали како што се бетон

или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш да

се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и на

мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.